Жена од Кратово ги уби сопругот и свекорот

Жена на возраст од 37 години синоќа во семејна расправија со нож го убила сопругот, а потоа и свекорот во Кратово.Подоцна излезе информација дека се работи за лице со иницијали В.И.

Таа е приведена во полициска станица. Повеќе информации ќе има во текот на денот. На терен е јавен обвинител, полиција и брза помош. Телата биле пренесени на обдукција.

-Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

Истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот на извршување на двојното убиство.

В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти полицијата.

Поврзани објави
Total
0
Share