ДКСК: Градоначалник си ја унапредил сопругата во советник во неговата општина

Градоначалник на отворен јавен оглас унапредил својата сопруга од работно место соработник во советник со што го прекршил Законот за спречување на корупција. Овој случај за судир на интереси и непотизам бил пријавен во ДКСК анонимно и електронски по што институцијата постапила и побарала податоци и информации од општината.

Од ДКСК на денешната 6 седница информираа дека градоначалникот ја доставил бараната документација за тоа дали неговата сопруга е вработена во општината и целта постапка за нејзино унапредување, при што било констатирано од Антикорупциска дека го прекршил законот. ДКСК констатирала прекршок и градоначалникот ја платил глобата со што случајот запира, бидејќи повеќе институцијата нема надлежност да постапува понатаму.

Антикорупциска денеска информираше и дека службено лице кое поднело изјава за интерес во институцијата вршело две функции спротивно на законот. Имено лицето по укажувањето на ДКСК поднело документација дека е разрешено од функцијата- член на Управен одбор по што ја платило и глобата за прекршокот со што се затворил случај.

Најголем дел од претставките во ДКСК се однесуваа на неподнесени анкетни листови или изјави за имотна состојба од функционери или членови на одбори, при што речиси сите беа затворени бидејќи поминал рокот од две години за постапување по нив и со тоа се застарени.

На првиот дел од седницата одржана во понеделникот ДКСК донесе одлука дека разрешувањето на директорите на Клиниката за кардиохирургија и Клиниката на токсикологија било незаконски спроведено, бидејќи изборите се уште биле во тек. Од ДКСК за тоа ќе бараат одговорност од министерот за здравство Илир Демири пред надлежните органи.

Поврзани објави
Total
0
Share