Денеска муслиманскиот свет го слави верскиот празник „Курбан Бајрам“ – Честит да е, за многу години!

Денес, муслиманскиот свет го слави верскиот празник Курбан Бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш.

Централната церемонија за Курбан Бајрам во Северна Македонија се одржа во џамијата Мустафа-пашина во главниот град Скопје во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.

Пред бајрамската молитва се учеа делови од Куранот и се читаа илахии и молитви на турски, албански и босански јазик.

Покрај во внатрешноста на џамијата, муслиманите го исполнија и дворот на џамијата.

Проповедта за Курбан Бајрам ја спроведе тетовскиот муфтија Селвер Џемаили во име на Шакир Фетаху, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, кој во момнтов престојува во Саудиска Арабија за да ја исполни обврската на хаџот.

Во изјавата за новинарите по бајрамската молитва, Џемаили им го честиташе Курбан Бајрам на сите муслимани, каде и да се во светот.

Молејќи се за прифаќање на молитвите, Џемаили рече: „Му се молам на Семоќниот Бог овој празник да доведе да преовладува мирот, љубовта и почитта во нашите семејства и овие вредности да ги пренесе на целото човештво“.

Припадниците на муслиманската вероисповед бајрамската молитва ја спроведоа и во џамиите низ Северна Македонија.

Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан Бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share