ВЛЕН: Универзитетот на Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот – aкредитација за Медицински факултет

Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот на Рамиз, Јетон Шаќири, aкредитација за Медицински факултет, реагираше денеска коалицијата ВЛЕН, откако медиумите објавија дека на Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник, ќе се студираат и медицински науки.

„Овој Универзитет, познат како „Универзитет на Мерко“, кој го води Арменд Кадриовски, е познат по „производството“ на итни дипломи, како Универзитет каде што низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ, како и многу членови на семејствата на функционери кои потоа се вработиле на различни работни места“, се вели во соопштението на ВЛЕН.

За овој скандал, велат од коалицијата, министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги покаже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот на Мерко да има и Медицински факултет, да посведочи дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и рамка на академски барања.

„Ова дејство на ДУИ на Али Ахмети и Рамиз Мерко, го докажува фактот дека зелените кои станаа Фронт, се главната причина зошто албанскиот мозок ја напушта земјата и работи во Европа и на други места, зошто кај нас вистинските интелектуалци и професионалци ја напуштат државата, а Албанците се претставени со незнаење кое ги осиромашува и ги протерува од татковината. Но, бизнисот на ДУИ и Рамиз, кој функционираше во стилот: земи ја „картичката“ на ДУИ, купи диплома од Рамиз и работата ти е сигурна му доаѓа крајот затоа што новата Влада ќе ги истражува сите случаи на продажба на дипломите и функционирањето на универзитетите како што е Универзитетот „Мерко“, велат од ВЛЕН.

Поврзани објави
Total
0
Share