Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на одлуката од од 14.06.2024, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 ден/лит.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,819 ден/кг. и ќе изнесува 44,458 ден/кг.

Поврзани објави
Total
0
Share